1/2 финалните натпревари на XVIII меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол”

Во ½ финални натпревари во рамките на XVIII меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол” 2022 година, екипата на Црна Река загуби од Фризернива Попај со 2-3, а во вториот ½ финален натпревар екипата на Лихнидос Охрид ја совлада екипата Сук Импекс со 2-1.

Во натпреварот за трето место силите ќе ги одмерат Црна Река – Сук Импекс, а во финалниот натпревар ќе играат Лихнидос Охрид – Фризерница Попај.