Почнаа подготовките за овогодишниот XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ 2023 година

Што треба да знаете:

  • Бројот на екипи ќе биде лимитиран;
  • За да се пријави екипа потребно ќе биде да се подигне формулар за пријавување на екипата кој е во склоп на правилник кој ќе биде прикачен на www.sokolturnir.mk или кај некој од одговорните лица;
  • Секоја екипа задолжително треба да има сопствено лого или лого на спонзор под кое ќе настапува;
  • Уплатата за котизација ќе треба да биде уплатена најдоцна до 28.08.2023 година;
  • Секоја екипата ќе може да пријави 12 играчи, тренер и претставник на екипа;
  • Секоја екипа е обврзана да има свои дресови (маици) со видливо лого и броеви;
  • Голманите задолжително мора да имаат различни дресови (маици) кои ќе се разликуваат по боја од останатите играчи од својата и противничката екипа;
  • Ќе се игра делумно по ФУТСАЛ правила;
  • Ќе се игра во групи, по што ќе се премине во елиминациона фаза;
  • Турнирот од почетокот па се до крајот ќе биде суден од професионални судии кои ќе бидат делегирани од страна на ФФМ;
  • Ќе има тимски и индивидуални награди;
  • За изборот на индивидуални награди е составена комисија од сегашни и поранешни спортисти, тренери, професионалци и стручни лица во делот на спортот;
  • Наградниот фонд за XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ 2023 година ќе изнесува над 1.000.000 денари.