Пријавувањето за XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ завршено

Почитувани пријатели,

Пријавувањето за XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ го затвораме порано од предвидениот рок. Интересот беше преголем. Оваа година се пријавија многу екипи од внатрешноста на нашата држава. Се надеваме дека ќе има добро дружење, но пред сè добар и квалитетен фудбал.

Како организација ви посакуваме на сите добредојде и среќа.

Не заборавајте, овој турнир е од меморијален карактер и без разлика на наградите претпочитаме фер и коректна игра, а пред се почитување на правилата на истиот!

Нека победи најдобриот!

Напомена:

Сите оние кои евентуално уплатиле по 40-тата уплатена екипа, парите ќе им бидат соодветно вратени на сметка!