СТАРТУВАШЕ XIX МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „СОКОЛ 2023“

Со ревијалниот натпревар кој вечерва се одигра помеѓу ALL STAR тимот на „Сокол“, составен од поранешни учесници-финалисти на турнирот, и поранешните фудбалски репрезентативци на Македонија, беше отворен на XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ 2023 година, кој месецов ќе се одржи на истоименото спортско игралиште во Карпош 1.