Дома

Инфо за одржување на XVIII меморијален турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол" 2021 год.

Почитувани пријатели,

По едногодишна пауза поради Ковид пандемијата, ве информираме дека оваа година ќе се одржи XVIII традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“. Подготовките се веќе започнати, а пријавувањето на екипи официјално ќе започне на 1-ви август, и ќе трае до 28-ми август. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30-ти август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1-ви септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1. Турнирот ќе биде отворен со ревијална натпревар помеѓу футсал репрезентацијата на Македонија и репрезентација од поранешните Ју простори која засега нема да ја откриеме. Бројот на екипи е ограничен на 48 екипи. Сите информации и детали за настап и пријавување на екипа ќе бидат објавени на нашиот сајт во делот ПРИЈАВУВАЊЕ најдоцна до 30 јули.

Се гледаме на 1-ви септември на добро познатата локација во Карпош 1. ⚽️

Со почит,
Организатор на турнирот
Здружение на граѓани за подготовка и организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

 

ОВОЈ ТУРНИР Е ОД МЕМОРИЈАЛЕН КАРАКТЕР И БЕЗ РАЗЛИКА НА НАГРАДИТЕ ПРЕДПОЧИТАМЕ ФЕР И КОРЕКТНА ИГРА.