Дома

Posted in Vesti

Почетокот на XVIII меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ е одложен за 10 септември

Почитувани пријатели,

 

Почетокот на XVIII меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ е одложен за 10 септември поради пандемијата на коронавирусот и неповолната епидемиолошка состојба во државата.

 

Како и секоја година стартот на „Сокол 2021“ беше планиран за 1 септември, но одлуката за одложување е донесена со цел и верување дека до тогаш ќе се создадат услови за реализација на истиот од аспект на поголема имунизација, поповолната епидемиолошка состојба и олабавување на мерките и протоколите. За нас како организација најголем приоритет е здравјето на сите учесници и публиката истовремено. Се со цел да ги испочитуваме мерките и протоколите донесени од страна на владата, како на трибините така и помеѓу учесниците, донесовме одлука да го одложиме почетокот на „Сокол 2021“.

⚽️🥇🏆

Пријавувањето на екипите ќе трае до 7 септември.

 

За сите информации јавете се на:

☎️ +389 77 655 699 ✔️

☎️ +389 77 655 988 ✔️