Дома

„Сокол 2021“ - ОДЛОЖЕНО!

 

 

Почитувани,

Имајќи ја предвид влошената состојба со пандемијата и опасностите од ширењето на заразата со COVID-19 вирусот, како и воведувањето на строгите протоколи во однос на одржување на спортските натпревари, но и слабата имунизација, организацијата на меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ на 26.08.2021 година донесе одлука за презакажување на почетокот на турнирот, и истиот наместо на 1 септември одлучи да стартува на 10 септември се со цел за поголема имунизација, опаѓање на бројките на заразени и олабавување на мерките. Но и покрај желбата за одржување на овогодишниот турнир и таквата донесена одлука, состојбата остана непроменета, па оттука донесовме одлука за целосно одложување на „Сокол 2021“, со што ве известуваме за истото.

Оваа година интересот за учество на XVIII меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ беше како никогаш до сега, па оттука упатуваме благодарност до сите екипи кои пројавија интерес за учество на истиот.

 Посебна благодарност до генералниот покровител Општина Карпош и советот на Општината. Благодарност доФудбалската Федерација на Македонија, VLT - Државна видеолотарија, Македонската радио телевизија - МРТ3 и сите наши долгогодишни пријатели и поддржувачи, за несебичното помагање и поддршка на целата организација без кој меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ не би можел да опстои.

 Се надеваме дека во 2022 година пандемијата со COVID-19 ќе биде минато и ќе можеме да ги оствариме  и реализираме нашите проекти во целост.

 Се гледаме во 2022 година на пролет во Мај на Сокол Јуниор Куп и во Септември на XVIII меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, каде ќе ги поместиме и ќе поставиме нови граници на ваквиот вид натпреварувања.

До тогаш, чувајте го вашето и здравјето на вашите најблиски, а од нас во 2022 година очекувајте го неочекуваното и бидете спремни на квалитетен фудбал и големи спектакли!

Со почит,
Организатор на турнирот
Здружение на граѓани за подготовка и организирање на меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.

 Спортски поздрав!