Пријавување

За настап и пријавување на екипа на XVIII Меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол”, најпрвин е потребно да го превземете и прочитате правилникот и со тоа во целост се запознаете со правилата за настап на овој турнир.

По превземањето на правилникот можете да го превземете и формуларот за пријавување екипа за настап на овогодинешниот турнир, како и пример уплатница за пополнување и уплата на котизација.

Превземањето може да го направите на линковите погоре или да ги исконтактирате одговорните лица на телефонските броеви секој работен ден од 16:00ч до 22:00ч и да ги превземете лично.

По уплаќањето на котизацијата, платената уплатница заедно со логото на екипата  и пополнетиот формулар (списокот на екипа) испратете ги на е-пошта This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 

За да биде целосна пријавата, покрај испратеното лого, доказот за уплата (уплатница) и формулар за пријавување на екипа на наведенената е-пошта, претставникот на екипата, најдоцна еден ден пред ждребањето треба да ги достави истите во hard copy кај одговорното лице на организаторот на турнирот.

Доколку тоа не го направи во дадениот рок и на начинот објаснет во правилникот, екипата нема да се смета за уредно пријавена и истата нема да може да земе учество на турнирот, а евентуално уплатената котизација ќе биде вратена на лицето или фирмата уплаќач.

 

ОДГОВОРНИ ЛИЦА

 Бојан Неделковски

+389 77 655 699

Чуревски Бошко

+389 77 655 988

 

НАГРАДЕН ФОНД

Тимски награди:

  • За освоено I Место наградата изнесува 260.000,00 денари и ваучер од 15.000,00 денари во Ресторан Фиш;
  • За освоено II Место наградата изнесува 130.000,00 денари;
  • За освоено III Место наградата изнесува 70.000,00 денари;
  • За освоено IV Место наградата изнесува 30.000,00 денари;

Индивидуални награди:

  • За најдобар играч/фудбалер парична награда од 15.000,00 денари,

       - ваучер во висина од 30.000,00 денари од Европски Универзитет,

       - ваучер за двајца за две ноќевања од Панорама Хотел & Спа Крушево,

       - ваучер со 3 месечна членарина за фитнес, спа и масажа од Fitness & Spa Park – Парк Хотел & Спа;

  • За најдобар голман парична награда од 15.000,00 денари,

       - ваучер во висина од 30.000,00 денари од Европски Универзитет,

       - ваучер за двајца за две ноќевања од Панорама Хотел & Спа Крушево,

       - ваучер со 3 месечна членарина за фитнес, спа и масажа од Fitness & Spa Park – Парк Хотел & Спа;

  • За најдобар млад играч парична награда од 15.000,00 денари,

       - ваучер со едногодишна стипендија од Европски Универзитет,

       - ваучер за двајца за две ноќевања од Панорама Хотел & Спа Крушево,

       - ваучер со 6 месечна членарина за фитнес, спа и масажа од Fitness & Spa Park – Парк Хотел & Спа;

 

Со почит,
Организатор на турнирот
Здружение на граѓани за подготовка и организирање на меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол

 

ОВОЈ ТУРНИР Е ОД МЕМОРИЈАЛЕН КАРАКТЕР И БЕЗ РАЗЛИКА НА НАГРАДИТЕ ПРЕДПОЧИТАМЕ ФЕР И КОРЕКТНА ИГРА.

За нас

Здружение на граѓани за "Оливер Соколов Сокол"

 

Здружението на граѓани за подготовка и организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов Сокол, е здружение основано од роднини, другари, пријатели…, на прерано починатиот Оливер Соколов Сокол, како и негови подржувачи и следбеници.

         Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Тој е човекот кој во осумдесетите години го носи и воведува ултрас движењето во Република Македонија. Но за жал, на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на фк Вардар. По тој повод неговите другари, заедно со роднините, пријателите и подржувачите одпочнуваат со организирање на турнир во мал фудбал токму во негова чест. На самот почеток турнирот се одржува во оу ХТ Карпош и тоа на локално ниво, а него го сочинуваат екипи од населбата Карпош и други населби делови на Скопје. Во текот на годините со неколку мали прекини, истиот од 2001 година почнува да се развива и да прераснува во респектабилен турнир на кој учество земаат екипи од цела Македонија. По тој повод над 16 години се одржува овој меморијален турнир во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош. Така овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и до година во година беше е и ќе останеј најдобар, најорганизиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција еден ден да прерасне во меѓународен турнир.

Меморијалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов Сокол има привилигија да биде еден од најдобро организираните и најпосетувани турнири на територија на Република Македонија и пошироко.

Развојот на турнирскиот фудбал го остваруваме во партнерство и соработка со жителите на Општина Карпош, Општина Карпош, ФФМ и секако спонзорите и сите наши пријатели.

Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде најдобар турнир во мал фудбал во целата држава, следејќи ги трендовите на турнирскиот фубал, нашата организација во зависност од околностите кои постојано се менуваат и развиваат, од година во година се повеќе напредува и се развива во врвна фудбалска организација.

Нашата мисија е да преку организирање на турнир во чест на еден од основачите на навивачката група на фк Вардар, Комити, Оливер Соколов Сокол, направиме позитивна разлика во толеранцијата, етничката различност, како и животните навики, а со тоа преку квалитетна организација и фер плеј играта како и добро изведена програмска шема, која веруваме дека голем дел ќе биде остварена, овој турнир да биде издигнат на нивото кое го заслужува.

 

Секоја година преку организирање на овој меморијален турнир во негово име се трудиме да се задржи традицијата на Карпош 1 и да продолжи сеќавањето кон Оливер Соколов Сокол, како и преку залагањата и традиционалниот маалски соживот истиот биде запамтен помеѓу нас жителите на Карпош.