UNIQA а.д Скопје (UNIQA Insurance Group) нов пријател меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол”

Здружението на граѓани Оливер Соколов – Сокол го проширува тимот на пријатели поддржувачи со уште еден член – UNIQA а.д Скопје (UNIQA Insurance Group), која го препозна квалитетот на меморијален турнир во мал фудбал Оливер Соколов – Сокол со верување дека спортот има единствена способност да ги зближува луѓето.

Соработката ќе се одвива во насока на создавање на врска помеѓу сите чинители на овогодинешниот меморијален турнир во мал фудбал Оливер Соколов – Сокол и UNIQA преку доделување на ваучер во висина од 200 евра за индивидуални награди за најдобар млад играч, најдобар играч и најдобар голман како и поволности за сите учесници во вид на ваучери со 30% попуст во делот на Осигурување на Имот.