Завршни работи на детското игралиште “Сокол”

Пошитувани пријатели,

Ве известуваме дека детското игралиште “Сокол” кое се наоѓа во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1, кое е во склоп на фудбалското игралиште “Сокол” е во завршна фаза. Воедно сакаме да упатиме ОГРОМНА благодарност до Државна видеолотарија на Македонија која како општествено одговорна компанија е донатор на ова детско игралиште.

Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатака каде заеднички ќе настојуваме на проширување на нивната општествено одговорна мисија која и понатаму ќе биде мотив и поддршка кај младите и талентирани луѓе.

Спортски поздрав

Здружени на граѓани Оливер Соколов – Сокол