Освојувач на XIX меморијален турнир “Оливер Соколов – Сокол” е екипата на Гостилница Кај Џек

Победници на овогодишниот XIX меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол” е екипата на Гостилница Кај Џек. Второто место и припадна на екипата Хоризонт Фокс, третото место го освои Баламов Компани, а четврто пласирана е екипата на Камин Кама.

За најдобар млад играч е прогласен Бојан Јанев од екипата Баламов Компани, за најдобар голман е прогласен Петар Митев од екипата на Хоризонт Фокс, а најдобар фудбалер на “Сокол” 2023 година е прогласен Виктор Димков од екипата на Гостилница Кај џек.

Им плагодариме на нашите одржувачи – спонзорите. Вашата непоколеблива верба и поддршка во нашата мисија е ветерот под нашите крилја!

До судиските тимови, вашата посветеност на фер игра и прецизност ја подигнаа конкуренцијата!

Драги учесници, вашата вештина, спортски дух и другарство го збогатија секој натпревар!

Порака до сите учесници добитници на награди. Честитки за заслужените победи. Вие сте инспирација за идните генерации!

Посебна благодарност до сите оние кои секојдневно и верно ги следеа сите натпревари.

Во духот на фудбалот, заедницата и соништата, се збогуваме со 19-тото издание на „Сокол“ 2023 година и со нетрпение ги очекуваме авантурите што ќе ги донесе XX меморијален турнир „Сокол“ 2024 година. Ви благодариме што сте дел од нас и што заеднички ја испишуваме историјата.

Со срдечен поздрав, се гледаме на 20-тото јубилејно издание во 2024 година.