Започнаа подготовките за претстојниот јубилеен 20-ти меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.

Почитувани пријатели и љубители на спортот,

Ве информираме дека здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“ ги започна подготовките за претстојниот јубилеен 20-ти меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.

Покрај општина Карпош, оваа година генерален покровител е Државна видеолотарија на Македонија & Casinos Austria кои ја обезбедија првата награда за оваа година, и со тоа овогодишниот турнир ќе го носи името Сокол 2win.

Оваа година е посебна за сите нас. Оваа година прославуваме 30 години од постоењето на меморијален турнир во мал фудбал во чест на нашиот другар Оливер Соколов – Сокол и 20 години интензивно организирање.

По тој повод упатуваме проглас и ги повикуваме сите општествено одговорни компании кои ги делат нашите спортски визии и вредности да ни се придружат во унапредување на нашата заедничка посветеност за развојот на заедницата и спортскиот дух.

За повеќе информации за овогодишниот 20-ти меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол 2win, следете нè на:

www.sokolturnir.mk

www.istagram.com/sokol_turnir

www.youtube.com/@turnirsokol