Освојувач на јубилејниот XX меморијален турнир “Оливер Соколов – Сокол” – Сокол2win е екипата на Месарница Кај Џек

Победници на овогодишниот јубилеен XX меморијален турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол” – Сокол2win е екипата на Месарница Кај Џек. Второто место и припадна на екипата Мартилс од Косово, третото место го освои Спортска Опрема Џампер М&М, а четврто пласирана е екипата на Хоризонт Фокс.

За најдобар млад играч е прогласен Никола Анчевски од екипата Спортска Опрема Џампер М&М, за најдобар голман е прогласен Бајрам Рамадани од екипата на Мартилс, а најдобар фудбалер на “Сокол2win” 2024 година е прогласен Благојевски Марио од екипата на Месарница Кај џек.

Нашиот турнир не би бил тоа што е денес без поддршката на нашите спонзори. Вашата финансиска помош и ресурси ни овозможуваат да го одржуваме турнирот на највисоко ниво, обезбедувајќи квалитетни натпревари и незаборавни моменти за учесниците и публиката. Вашата поддршка е неоценлива, и благодарение на вас, турнирот „Сокол2win“ расте и се развива секоја година.

Посебна благодарност до Судиските екипи – правичноста и вниманието кон секој детал го подигнаа турнирот!

Драги Учесници, вие сте срцето на турнирот. Вашата енергија го направи секој натпревар незаборавен!

Порака до сите добитниците на награди – вашиот труд е доказ дека успесите се заслужени!

Посебна благодарност до сите оние кои секојдневно и верно ги следеа сите натпревари – не сте само поддршка од трибините, вие сте душата на турнирот! Со секој аплауз и поддршка, создавате магија која го прави овој турнир уникатен. Без вас, натпреварите не би биле исти. Вие сте нашата движечка сила и клучен дел од успехот на „Сокол2win“. Атмосферата што ја создавате е незаборавна, и благодарение на вас, играчите секоја година се враќаат. Заедно создаваме историја, а секој натпревар е празник.

Во духот на фудбалот, заедницата и соништата, ја затвораме страницата на 20-тото издание на турнирот „Сокол“ за 2024 година. Со возбудливи очи, ги очекуваме новите авантури што ќе ги донесе XXI меморијален турнир „Сокол“ во 2025 година. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што заедно ја создавате историјата на овој уникатен настан.

Со срдечен поздрав, се гледаме на 21-вото јубилејно издание во 2025 година.