Отворање на Сокол2win 2024 годида

Почитувани пријатели,

Ве покануваме на отворањето на јубилејниот XX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол2win 2024 кое е закажано за недела – 01.09.2024 со почеток во 19:30 часот на фудбалското игралиште „Сокол“ во Карпош 1, каде ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу легендите на ФК Вардар, по што ќе продолжат натпреварите кои ќе бидат закажани во редовниот термин.

Оваа година е многу значајна за нас како организација затоа што нашиот роднина, другар, пријател…, Оливер Соколов – Сокол по многу работи е поврзан со ФК Вардар. Од тука упатуваме голема благодарност до легендите на ФК Вардар кои изразија желба токму оваа година да се соберат и да го одбележат отворањето на Сокол2win 2024.

Легендата не е само личност, таа е мит, наследство и извор на инспирација за сите кои се осмелуваат да сонуваат! За да станете спортска легенда, мора да имате срце на шампион и душа на воин!