Поддржете го спортот – Поддржете ја иднината!

 

Главна цел на проектот

 

Главната цел на проектот е да се сочува ликот и делото на легендата на Вардаровите Комити – Оливер Соколов – Сокол, и истовремено да се даде поддршка на младите луѓе во нивниот развој и успеси во спортот.

Преку организацијата Здружение на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“, се стремиме да создадеме поквалитетен живот и поздрава иднина за децата, младинците и сите чинители во нашето општество, користејќи го спортот како алатка за личен, социјален и едукативен напредок.

Проектот „Меморијален турнир во мал фудбал – Оливер Соколов – Сокол“ се фокусира на спортски активности и настани кои ги опфаќаат децата, младите и возрасните. Акцентот е ставен на:

  • развивање на спортски дух и фер-плеј вредности,

  • промоција на здрав начин на живот,

  • градење на општество засновано на толеранција и меѓуетничко разбирање.

Турнирот претставува платформа каде преку спортот се создава позитивна разлика во животите на поединци од градот Скопје и од целата територија на Република Северна Македонија.

Помагањето еден на друг може да го направи светот подобар.

Вашата донација директно ја поддржува реализацијата на нашата мисија – успешна организација на Меморијалниот турнир и создавање на позитивна и инклузивна спортска заедница.

Со вашата поддршка, придонесувате за:

  • Одржување на спортска традиција стара повеќе од 20 години;

  • Поддршка на младите да го пронајдат својот пат преку спортот;

  • Зајакнување на општеството преку фер-плеј, заедништво и почит.

Гплема благодарност до:

Медиски покровители​