„Оливер Соколов – Сокол“ и „Млади од семејна разновидност“ потпишаа Меморандум за соработка

СОРАБОТКА СО КОНКРЕТНА ЦЕЛ

Здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“ и Здружението на млади „Млади од семејна разновидност“ потпишаа Меморандум за соработка со цел поддршка на младите и студентите од самохрани и еднородителски семејства.

Со потпишувањето на Меморандумот, Здружението „Оливер Соколов – Сокол“ се вклучува во поддршка на иницијативата „Плати семестар“. За време на Меморијалниот турнир ќе биде обезбеден простор за собирање донации, а собраните средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за студирање на студенти од самохрани и еднородителски семејства.

Како организација, низ годините сме помагале и донирале секогаш кога сме имале можност и кога поддршката била потребна. Оваа соработка е продолжение на таа определба – да бидеме присутни и надвор од спортскиот терен, таму каде што можеме конкретно да помогнеме.

Меморандумот предвидува и заедничко промовирање на солидарноста и инклузијата, подигање на јавната свест, како и можност за продолжување и продлабочување на соработката преку идни заеднички активности.