20 ГОДИНИ СОКОЛ ТУРНИР


Главна цел на проектот е да го сочуваме ликот и делото на легендата на Вардаровите Комити “Оливер Соколов – Сокол” и да помогнеме на многу млади луѓе да успеат во спортот.
Целта на здружението на граѓани Оливер Соколов – Сокол е преку спортот да им се овозможи поквалитетен живот и поздрава иднина на децата, младинците како и сите останати чинители на општеството.
Проектот “Меморијален турнир во мал фудбал Оливер Соколов – Сокол” е фокусиран на спортски активности и настани за деца, млади и возрасни, а акцентот се става на развој на спортскиот дух, спортскиот начин на живот, каде ќе се направи позитивна разлика во толеранцијата, етничката различност, животите и едукацијата на децата, младите и повозрасните граѓани, од градот Скопје и Република Северна Македонија.
Вашата донација го помага здружението во организацијата за успешна реализација на главната цел, Меморијалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов – Сокол

Донирај и помогни

Помагањето еден на друг може да го направи светот подобар.

Гплема благодарност до:

Медиски покровители​