Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија оваа година ја продолжи соработката со Здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“ како еден од главните покровители на проектот Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.
Со продолжувањето на соработката и поддршката на овој проект Видеолотарија Касинос Австрија, ги потврдува напорите за долгорочен и систематски пристап кон подобрување на положбата за општествените заложби кон децата и младинците на територија на Општина Карпош.
Како општествено одговорна компанија Видеолотарија Касинос Австрија, покрај финансиската поддршка во соработка со Здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“ и Општина Карпош, кон крајот на месец април ќе започне со реконструкција на игралиштето Сокол каде традиционално секоја година се одржува турнирот во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“. Со оваа донација Видеолотарија Касинос Австрија има за цел да се овозможат подобри спортски достигнувања, како на децата и младинците кои настапуваат на турнирот Сокол, така и на децата-ученици од ООУ Христијан Тодоровски Карпош, жителите на Карпош 1 и целата Општина Карпош.
По тој повод упатуваме голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија, која ни помага да ја одржиме, продолжиме и развиваме нашата мисија за најдобриот турнир во мал фудбал во чест на „Оливер Соколов – Сокол“.
Вкупната донација ќе изнесува над 3.000.000,00 денари.
Со Почит,
Здружение на граѓани “Оливер Соколов – Сокол”