Донирај

Зошто донираш:

Ние сме здружение на граѓани за подготовка и организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол”, кое е основано од роднини, другари, пријатели…, на прерано починатиот Оливер Соколов - Сокол, како и негови подржувачи и следбеници.

Меморијалниот турнир во мал фудбал “Оливер Соколов – Сокол” има привилигија да биде еден од најдобро организираните и најпосетувани турнири на територија на Република Македонија и пошироко.

Развојот на турнирскиот фудбал го остваруваме во партнерство и соработка со жителите на општина Карпош, Општина Карпош, ФФМ, Градот Скопје, АМС и секако разни донатори и сите наши пријатели.

Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде најдобар турнир во мал фудбал во целата држава, следејќи ги трендовите на турнирскиот фубал, нашата организација во зависност од околностите кои постојано се менуваат и развиваат, од година во година се повеќе напредува и се развива во врвна фудбалска организација.

Нашата мисија е да преку организирање на турнир во чест на еден од основачите на навивачката група на фк Вардар, Комити, Оливер Соколов - Сокол, направиме позитивна разлика во толеранцијата, социјалната и етничката различност, како и животните навики, а со тоа преку квалитетна организација и фер плеј играта како и добро изведена програмска шема, која веруваме дека голем дел ќе биде остварена, овој турнир да биде издигнат на нивото кое го заслужува.

Секоја година преку организирање на овој меморијален турнир во негово име се трудиме да се задржи традицијата на Карпош 1 и да продолжи сеќавањето кон Оливер Соколов - Сокол, како и преку залагањата и традиционалниот маалски соживот истиот биде запамтен помеѓу нас жителите на Карпош, градот Скопје и пошироко.

За постигнување на нашите цели, неопходни ни се финансии во вид на донации за секојдневното функционирање, како и за организирање на двата турнири во мал фудбал, “Сокол Јуниор Куп” кој се одржува кон крајот на месец мај и меморијалниот турнир “Оливер Соколов – Сокол” кој традиционално се одржува 18 години, а секоја година стартува на 1 Септември.

Здружението на граѓани “Оливер Соколов – Сокол”, средствата за финансирање ги добива како донации, а истите се употребуваат за остварување на целите на организацијата определени со статутот и програмата.

 

Донирај преку банка:

Трансакциска сметка: 270-0735470301-66

Депонент: Халк Банка АД Скопје

Примател: Здружение на граѓани “Оливер Соколов – Сокол”
(со назнака: Донација)