За нас

Posted in Uncategorised

Здружение на граѓани за "Оливер Соколов Сокол"

 

Здружението на граѓани за подготовка и организирање на меморијалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов Сокол, е здружение основано од роднини, другари, пријатели…, на прерано починатиот Оливер Соколов Сокол, како и негови подржувачи и следбеници.

         Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Тој е човекот кој во осумдесетите години го носи и воведува ултрас движењето во Република Македонија. Но за жал, на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на фк Вардар. По тој повод неговите другари, заедно со роднините, пријателите и подржувачите одпочнуваат со организирање на турнир во мал фудбал токму во негова чест. На самот почеток турнирот се одржува во оу ХТ Карпош и тоа на локално ниво, а него го сочинуваат екипи од населбата Карпош и други населби делови на Скопје. Во текот на годините со неколку мали прекини, истиот од 2001 година почнува да се развива и да прераснува во респектабилен турнир на кој учество земаат екипи од цела Македонија. По тој повод над 16 години се одржува овој меморијален турнир во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош. Така овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и до година во година беше е и ќе останеј најдобар, најорганизиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција еден ден да прерасне во меѓународен турнир.

Меморијалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов Сокол има привилигија да биде еден од најдобро организираните и најпосетувани турнири на територија на Република Македонија и пошироко.

Развојот на турнирскиот фудбал го остваруваме во партнерство и соработка со жителите на Општина Карпош, Општина Карпош, ФФМ и секако спонзорите и сите наши пријатели.

Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде најдобар турнир во мал фудбал во целата држава, следејќи ги трендовите на турнирскиот фубал, нашата организација во зависност од околностите кои постојано се менуваат и развиваат, од година во година се повеќе напредува и се развива во врвна фудбалска организација.

Нашата мисија е да преку организирање на турнир во чест на еден од основачите на навивачката група на фк Вардар, Комити, Оливер Соколов Сокол, направиме позитивна разлика во толеранцијата, етничката различност, како и животните навики, а со тоа преку квалитетна организација и фер плеј играта како и добро изведена програмска шема, која веруваме дека голем дел ќе биде остварена, овој турнир да биде издигнат на нивото кое го заслужува.

 

Секоја година преку организирање на овој меморијален турнир во негово име се трудиме да се задржи традицијата на Карпош 1 и да продолжи сеќавањето кон Оливер Соколов Сокол, како и преку залагањата и традиционалниот маалски соживот истиот биде запамтен помеѓу нас жителите на Карпош.